Дивјак-Томиќ: Постои политичка волја да се реши проблемот со цената на брашното

 

Постои политичка волја меѓу Македонија и Србија да се реши трговскиот договор за цената на брашното, оцени денеска во Штип амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ.

Таа истакна дека во преговорите меѓу македонскиот  вицепремиер Кочо Анѓушев и српскиот министер за траговија и телекомуникации нема увид, односно детали.

- Кога јас разговарав со вицепремиерот Анѓушев, тој беше оптимист дека тој проблем ќе се реши и мислам дека е добро да се реши, бидејќи тоа веќе трае седум или осум години. Секоја година пред жетвата ги имаме тие проблеми, имавме одредени пречки и овој пат навистина постои политичка волја и подготвеност тоа да се реши институционално и  да немаме проблеми со тоа секоја година, вели Дивјак-Томиќ.

Таа забележа дека цената на брашното ја одредува пазарот, а како што вели видела дека македонските земјоделци прават притисок на Владата за цената на житните култури што побрзо да се утврди  и да знаат на што да сметаат.

- Што е сосема логично, тоа земјоделците   го работат и кај нас. Верувам дека ќе пронајдеме заедничко решение, бидејќи не е во интерес и на Македонија и на Србија да имаме такви несогласувања, незадоволство, обвинувања едни меѓу други кој е виновен. Мислам дека тоа е добро да се реши институционално, наведе амбасадорката Дивјак-Томиќ.

 

 

 

13.06.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега