Драстична промена на времето: Не очекуваат обилни врнежи, непогоди и град

 

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи  и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени,а дневната температура од 23 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 степени. 

Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град. Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

 

 

 

13.06.2018 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа