Џафери: Нема да го коментирам однесувањето на Груевски

 

На прес-конференцијата во Собранието, по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека нема да го коментира однесувањето на екс-премиерот Никола Груевски, кој се обиде физички да го спречи гласањето на законот.

-По однос за однесувањето на пратеникот Никола Груевски, поранешен премиер сметам дека нема потреба јас да го коментирам. Секој кој имал прилика тоа да го види ќе си го каже своето. Од дента од кога ја презедов фукцијата бев свесен за предизвиците. Џафери нема да дозволи Собранието да се претвори во сликата од 27 април 2017 година. Основна надлежност на Собранието е да води процедура според Уставот и Деловникот. Правото на секој граѓанин на протест е изричито право и немам никкава замерка за граѓаните кои беа пред Собранието. Но, однесувањето на пратениците е недозволиво, изгледа не можат да разберат дека се опозиција, рече Џафери.

На прес-конеренцијата, Џафери прво зборуваше на албански, апотоа преведуваше и на македонски.

 

 

 

14.03.2018 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа