Екипажот од авионот заспал на под - фотографијата крие морничава приказна

На интернет се појавила фотографја на која се гледа екипаж од авион од компанијата Рајанер додека спие на подот од аеродромот.

Ова е всушност перформанс кој го извеле 6 членови на екипажот во знак на протест на третманот кој го доживеале на аеродромот во Малага.

Тие се дел од групата од 8 пилоти и 16 стјуардеси кои биле сместени во една соба со 8 столици без храна и пијалоци.

На аеродромот слетале после полноќ, бидејќи биле пресуремени од Порто поради доаѓање на ураганот Лесли. Во собата завршиле, бидејќи единствено таа не била заклучена. Откриени се дури утрината кога дошла нова екипа а ги замени.

Како што Рајанер рекле на синдикатот, компанијата не можела да наје сместување за лицата, бидејќи хотелите биле зафатени. Дури во 11:30 часот наредниот ден со карго авион се префрлени во Порто, без сон и одмор, Дури и во авионот чекале 3 часа, бидејќи пилотот на леталото морал да дојде од Лондон.

Синдикатот тврди дека е можно да се најде хотел за сместување на екипаж, па дури и да е малку одалечен од градот.

Компанијата изјавила дека фотографијата е наместена и дека екипажот не спиел на под односно дека ноќта ја минале во собата, додека не им бил отворен ВИП салонот.

 

 

 

 

15.10.2018 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега