Фекалии се излија во водата, издадено предупредување: Не се капете на овие плажи

Дубровничко-неретванската жупанија ја предупредува јавноста дека на плажата на хотелот Риксос Либертас во Дубровник и Хотел Плат во Жупа дошло до краткотрајно загадување на морето поради фекалии во водата.

Според известувањето на Заводот за јавно здравство на Дубровничко-неретванската жупанија, од 10 јули 2018 година, при петтото испитување на квалитетот на морето, утврдено е дека резултатите на анализата на морето ја преминуваат границата на вредност за микробиолошки параметарод Ешерихија коли.

Во склад со наредба од надлежните, предупредувања ќе има сѐ додека резултатите не се уредни, а до сите еиспратено соопштение да не се капат на овие плажи во блиска иднина.

 

 

 

11.07.2018 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега