Физиотерапевтите во Македонија работат како келнери - за нив нема место во здравството

Дипломирани физиотерапевти во државата заработуваат на црно во домашни услови. Други пак работат како келнери или на бензиска станица а само мал број се вработени според струката, јавува Сител.

Од Македонското физиотерапевтско здружение одлучија да проговорат во јавноста за нивните проблеми бидејќи со години наназад не е регулирано нивното место во македонскиот здравствен систем.

Од статистиката со која располагаат, над 370 физиотерапевти со факултет чекаат вработување. Самостојно не можат да отворат приватна ординација, а не поминуваат ниту на огласите за вработување во здравствените установи.

-За приватна ординација мора да ја отвори физијатар па да вработи физиотерапевт. На огласите ги примаат физиотеревтските техничари а не дипломирани физиотерапевти. И што ни останува нас. Никако не можеме да се реализираме во медицинското општество, вели Блаже Арсов, претседател на Македонско физиотерапевтско здружение

Поради ограничените закони но и лошатата систематизација на работните места со која предност имаат физиотерапевстските техничари, Арсов вели дека голем број негови колеги се селат во странство каде професијата им е и барана и ценета.

-Доаѓаат во здружението се зачленуваат кај нас, бидејќи ние правиме курсеви со светсаки сертификати, ќе ги завршат ќе го земат и заминуваат во странство. Таму тоа е регулирано како што треба и е многу барана професија, вели Арсов.

Од здружението за нивната долгогодишна мака писмено го информирале и министерот Венко Филипче. Засега не добиле одговор дали надлежните преку законски измени ќе го регулираат и статусот на физиотерапевтите, или, ќе продолжи нивното исселување во други држави.

     
     

     

     

    16.05.2018 - 16:55

     

     

     

     

     

     

     

    Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа