Град Скопје се огласи за грешното видео за комарците

 

Град Скопје преку соопштение се огласија и извинија  откако се појави информацијата дека наместо од денешното прскање, тие објавија видео за прскањето против комарци од 8 јули.

- Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се  направи утре Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец, стои во реакцијата.

Потсетуваат дека прскањето со авион почна изминатата ноќ, а ќе се одвива и во наредниве три дена. 

 

 

 

10.08.2018 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа