Хрватска со победа над Англија до финале на Светското првенство

 

Голот на Марио Манџукиќ постигнат во 108-та минута од првото продолжение и донесе победа на Хрватска од 2-1 против Ангија, во полуфиналето на Светското првенство во Русија.

Продолженијата од по 15 минути беа клучни во натпреварот меѓу Хрватска и Англија, откако натпреварот по регуларните 90 минути заврши 1-1.

Француската репрезентација во недела ќе игра против Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија.

Англја уште во петтата минута поведе со водство против Хрватска, но Иван Перишиќ успеа да го израмни резултатот на 1-1 и ја врати Хрватска во живот на Светското првенство во Русија.

Лондон за натпреварот помеѓу Англија и Хрватска во полуфиналето на Светското првенство го организираше најголемото јавно гледање уште од Европското првенство во 1996 година.

 

 

 

11.07.2018 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа