И покрај ризичната бременост закажани 30 рочишта за Јанкуловска

 

На денешното рочиште за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство судијата Добрила Кацарска и покрај обемната медицинска документација, вешачења направено по нејзина наредба коешто ги потврдува сите претходни лекарски мислења закажа дополнителни 24 рочишта за истиот предметот или вкупно 29 заедно со претходно закажаните рочишта за јуни и јули.

Рочиштата се закажани и на самиот ден кога според медицинската документација докторите го посочил како краен рок за породување, како и во деновите непосредно пред и по тој датум.

Сите рочишта за случајот „Тенк“ се закажани во период кој се совпаѓа со породилното отсуство кое Јанкулоска го има отворено во согласност со законоѕ Бранителот на обвинетата Гордана Јанкулоска, Сања Арсиќ достави до судот мислење од д-р Гиржанова кое е формирано од извршените прегледи од конзилиумот на доктори од Здравствената јавна клиника за гинекологија и акушерство Скопје, во кој што учествувала и Гиржанова.

-Мислењето на техничкиот советник Д-р Гуржанова која е и овластен судски вештак од областа на акушерството и мислењето на Конзилиумот се идентични. Но, судијата Кацарска рече дека ова е последен пат да одложува рочиште и и се закани на одбраната дека во иднина ќе презема други мерки. Поради тоа што Јанкуловска јавно ја прозивала во медиумите, Кацарска рече дека како мајка како жена ќе почитува 45 дена и веднаш со строг тон почна да ги чита следните термини. Таа закажа термини од 29 јуни, 29 август, 30 август, 4 и 5 септември па се до крајот на октомври, иако не и се верувало дека до тогаш ќе трае предметот Тенк.

На денешното рочиште беа присутни сведоците Љупчо Цековски, Маријан Милошевски и Сашо Гиоски. Предметот „Тенк“, инаку, шо ниту еден законски критериум не може да се смета за итен ниту постои каква и да е друга причина да добие приоритет пред сите останати предмети, вклучително и оние каде што поглем број обвинети се во притвор.

Овие предмети се ставени на листата на чекање, само затоа што за предметот „Тенк“ некој оценил дека во најкус можен рок по секоја цена мора да има пресуда.

 

 

 

13.06.2018 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега