Иванов го добил указот за Законот за јазиците - сега е на потег дали ќе го потпише

 

Собранието на Република Македонија вчера со 69 гласа За и ниеден против го изгласа Законот за потребата на јазиците. На седницата не присуствуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Ѓорге Иванов уште вчера го добил указот за Законот за употреба на јазиците, но не се знае дали ќе го потпише или ќе го искористи правото на вето. Од неговиот кабинет велат дека тој одлуката ќе ја донесе согласно законски предвидениот рок.

Ако Иванов не го потпише Законот, тој ќе се врати повторно во Собрание, а ако повторно се изгласа, Иванов ќе биде должен да го потпише указот.

Рокот кој сега го има претседателот за одлука е седум дена.

 

 

 

12.01.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа