Јункер: ЕУ и Западен Балкан имаат заедничка иднина

 

 Нема точни датуми кога земјите од Западен Балкан ќе се приклучат кон ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент во Стразбур.

- Пред две недели го посетив регионот. Бев погоден од страста за ЕУ. Тоа ми донесе нова верба дека ако овој драматичен регион е толку решен да се промени фундаментално, тој мора да биде дел од ЕУ. Би сакал таква верба да видам и во 27-те земји на ЕУ, изјави Јункер.

Тој потенцираше дека пред да станат дел од ЕУ, земјите од Западен Балкан имаат многу работа - да се решат сите билатерални спорови, да постигнат поголемо единство, реформи во сферата на владеењето на правото... Не постои покус пат за прием во ЕУ, бидејќи содржината е пред брзината. Нема прецизни рокови, но убеден сум дека со Западен Балкан ќе имаме заедничка иднина, истакна Јункер на пленарната седница на Европраламентот во Стразбур.

 

 

 

13.03.2018 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа