Каменос бара референдум: „Секое вклучување на името Македонија е пад на грчката историја и култура'

 

За референдум во Грција, позициите за името, барањето терминот Македонија да не биде вклучен во сложеното име, пишува меѓу другото, лидерот на Независни Грци Панос Каменос, во неговата колумна за неделнот издание на весникот „Димократиа“.

- Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ.- пишува Каменос и објаснува дека секое е вклучување на термниот Македонија во името би значело пад на грчката култура, историја, уметност и сл.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката влада, вели дека „одлуката за вклучување на терминот Македонија, ги надминува овластувањата на било кој политичар“.

Панос Каменос во колумната за „Димократиа“, пишува дека владата говори за сложено име со географска одредница, но во програмата на Ципрас, презентирана на почетокот на премиерскиот мандат, никаде, според Каменос, не е споменато дека сложеното име би го вклучило и терминот Македонија.

Кон крајот на октомври минатата година, говорејќи во Солун, Панос Каменос, рече дека поребно е да се распише референдум и во Грција за името, а три месеци подоцна, одново го споменува неговото барање. Претставници на грчката влада од редовите на СИРИЗА, во изминатиот период велеа дека нема да биде потребно одржување референдум во Грција 

 

 

 

14.01.2018 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа