Летото полека се враќа: Денеска сончево и топло, а од петок повторно промена

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а  дневната од 27 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и потопло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува повремено засилен северен ветер.

 

 

 

 

11.07.2018 - 07:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега