Мајка на две деца се обидувала да направи совршено селфи на 27. спрат и отишла директно во смрт

 

Мајка на две деца го изгубила животот кога паднала од тераса од 27. спрат на зграда, додека се обидувала да направи селфи. Оваа несреќна жена починала на лице место, а до кобниот момент дошло, бидејќи изгубила рамнотежа.

Станува збор за 44-годишната Сандра Мануело Де Коста Масади, а овој трагичен инцидент бил снимен и со камера од страна на градежни работници кои биле во близина.

Сведоците тврдат дека таа и при ппадот го држела селфи стикот во рацете. Полицијата на Панама Сити, каде се одиграла оваа драма, истакнала за медиумите дека веруваат дека Сандра изгубила рамнотежа поради силниот ветер.

„Живеам во зградата од која што падна. Правеше селфи неколку минути, а работниците на градилиштетот ѝ викаа да биде внимателна. Таа сепак одлучи да седне на оградата и тогаш падна од ивицата“, раскажал еден од очевидците.

Инаку во периодот од 2011 година до 2017 година, најмалку 259 лица загинаа обидувајќи се да направат „совршено“ селфи.

 

 

 

16.10.2018 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега