Македонец уапсен во Италија: Подготвувал терористички напад

Италијанските власти вчера уапсиле Македонец осомничен за подготвување на терористички напад.

Како што се наведува во соопштението на тамошните служби, 29 годишниот Агим Мифтари се „обучувал за „идни терористички иницијативи“ во места како Сирија.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук ширел пропаганда на Исламската држава и снимки од вооружени дронови.

Полицијата при претресот во неговиот стан во април пронашла дрон и воена облека.

МНР на Италија соопштило дека протерало еден Туниски граѓанин кој во таа земја дошол во 2014 година на студии, но дека во меѓувреме развил врска со џихадисти. Од Италија во 2015 година по оваа основа се протерани 299 луѓе.

 

 

 

11.07.2018 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега