Македонската полиција ги фатила на дело - приведени две лица

 

Во 12.30 часот вчера на местото викано ,,Рудина“, атар на село Волковија, тетовско, сопственост на Република Македонија, полициски службеници ги затекнале лицата В.Р. (58) и А.М. (49), двајцата од село Милетино, како вршат сечење на борови дрва кои претходно биле изгорени.

Истотака, на местото биле пронајдени и 26 исечени стебла.

Тие изјавиле дека биле ангажирани од приватна фирма.

Подоцна, на местото на настанот пристигнала и екипа од Јавото претпријатие „Македонски шуми“, по што бил извршен увид. В.Р. и А.М. се лишени од слобода за понатамошна постапка.

 

 

 

20.06.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа