Медицинскиот факултет распиша 104 специјализации

 

Медицинскиот факултет во Скопје на 11 јануари распиша јавен оглас за пријавувавање кандидати за специјализации и супспецијализации за 2018 година. 

Според објавеното, станува збор за 104 приватни специјализации и 8 супспецијализации за четворица абдоминални хирурзи, исто толкав број анестезиолози и гинеколози, 5 интернисти, тројца кардиолози, инфектолози и трауматолози, шест нефролози.

Венко Филипче, на прес-конференција пред новинарите рече дека Владата првпат предвидела средства за вработување на 348 приватни специјализанти. 

Инаку, најголемиот оглас за специјализации и супспецијализации во 2015 година го објави ексминистерот за здравство Никола Тодоров од вкупно 308 специјализации и 75 субспецијализации. 

 

 

 

13.01.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа