Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери и иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на законот

 

 ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери за флагрантно кршење на Уставот и на законите, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако Собранието попладнето без амандманска расправа го донесе Законот за употреба на јазиците.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае овој закон и ќе поднесе иницијатива за оценување на неговата уставност.

- Денеска флагрантно се прекршени Уставот и законите, а владејачкото мнозиснтво, СДСМ и Зоран Заев, ја поништија волјата на граѓаните, изјави Мицковски на прес-конференција во партиското седиште.

Законот, како што истакна, е неуставен, неприменлив и штетен, договор меѓу СДСМ и ДУИ, без одобрение од граѓаните.

- Носењето на ваков противуставен закон не е само удар врз правото, туку и врз соживотот. Некој свесно не турка повторно во непосакувано сценарио во кое влогот е РМ. Држава во која не владее правото, е разнишана држава, рече Мицкоски.

Прашан дали како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува денешната акција на Никола Груевски во Собранието, Мицковски рече дека во текот на вчерашниот ден најмалку трипати го предвидел сценариoто коешто денеска Џафери поддржан од Зоран Заев го спроведоа  во Собранеито.

- Емотивен ден, врз основа на тие емоции коишто се резултат на некаква акција се случува реакција, ова навистина беше тежок ден за РМ, тежок ден за демократијата, тежок ден за пратениците во Собранието на РМ. Се суспендираше нивното елементарно право на дискусија во рамките на законодавниот дом направени се низа преседани, за тие преседани мора некој да сноси одговорност, кога тогаш, и ќе сноси одговорност, рече Мицковски.

ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и нема да ја напушти масата за преговори за реформските закони, рече Мицковски одговарајќи на прашањето дели ќе ги поддржат законите поврзани со ЕУ и НАТО агендата.

- Некој со ова ценарио денеска сакаше ВМРО-ДПМНЕ да го избрка од масата. Ние тоа нема да му го дозволиме и нема да направиме ништо што ќе биде спротивно на интересите на РМ, рече Мицковски.

 

 

 

14.03.2018 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа