На Василица се крши леб со паричка - рецепт за највкусното тесто

 

Денеска е Стара Нова Година, утре е Василица. некои семејства ја имаат како куќна слава и кршат леб со паричка.

 

Ова е рецепт за леб со паричка:

  • 500 гр брашно 
  • 25 гр квасец 
  • 50 гр маслиново масло 
  • 250 мл топла вода
  • малку сол и шеќер

 

Квасецот се раствара со малку топла вода, се ставаат сол и шеќер, па лажица брашно. Се остава да стаса.  Во голем сад ставете го брашото маслото и стасаниот квасец. Додавајте ја водата и замесете тесто. Нека стасува околу 45 минути, па поделете го на 4 топки, па расукајте ги и ставете ги во тава премачкани со масло. Од второто топче направете триаголници и ставете ги врз првото. Истото направете го и со другите две топчиња, и ставете ја паричката во последното топче кое ќе го ставите во средина. Нека се пече околу 40 минути на 200 степени.

 

 

 

13.01.2018 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа