Најпознатата навивачка на Хрватска го пропушта полуфиналето против Англија- ова е причината

 

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ е најпопуларниот фан на националниот тим, но ќе го пропушти полуфиналето од Светското првенство против Англија во Москва во среда од 20 часот на „Лужники“.

Грабар-Китаровиќ има неодложни службени обврски, кои се совпаѓаат со натпреварот, соопштија од кабинетот на Претседателката.

Таа присуствуваше на два натпревари на Хрватите на Светското првенство. На 1 јули во Нижни Новгород таа ја проследи победата на пенали во осминафиналето против Данска (1:1 во регуларното време и продолженијата), а на 7 јули беше на трибините на стадионот во Сочи, каде повторно во „црвено-бел“ дрес го проследи успехот на репрезентацијата повторно на пенали, овојпат над домаќинот Русија (1:1 во регуларното време, 2:2 по продолженијата)

 

 

 

09.07.2018 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега