„Народот не е на продажба“ извикуваат граѓаните кои протестираат пред Собрание

 

„Предавници“, „Народот не е на продажба“, „Не ја даваме Македонија“ скандираат насобраните демонстранти кои и попладнево продолжија да протестираат пред Собранието на Република Македонија, против донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

Протестот тече мирно и без инциденти. Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.

Законот за албанскиот јазик денеска беше изгласан со 64 гласа „за“.

 

 

 

 

14.03.2018 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа