Нема екстремно високи температури летово во Македонија - се е до влагата и испарувањето

 

Многу од граѓаните последниот период се жалат околу тоа дека е премногу жешко времето и се си мислат дека се температурите на воздухот премногу виосоки, не станува збор за тоа затоа што температурите ни малку не се повисоки од нормалата, дури се и нешто пониски од просечните за некој степен и тоа за овој дел од летниот период, пишува Славчо Поповски.

Се работи за зголемената влажност во воздухот која е особено висока во текот на ноќите па затоа особено навечер и во текот на ноќите времето е особено тешко и спарно па токму поради ова кај граѓаните се јавува тежина и мачнина, повремена нервоа па и несоница додека кај некои од граѓаните покрај ова можна е дури и појава на проблеми со притисокот.

Од друга страна пак и УВ И индексот нема некоја екстремна вредност па коефициентот изнесува некаде помеѓу 8 и 9, сепак вредноста е висока до многу висока но не и екстремна.Сепак и во овој случај граѓаните доколку излегуваат со себе задолжително да си понесат заштитна опрема односно капа и наочари за сонце како и да пијат што повеќе течности.

Исто така овие денови во раните утрински часови имаме испарување на реките и на езерата низ државава па затоа може да се забележи како небото е заматено и со намалена видливост.

 

 

 

 

10.08.2018 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа