Ниедна жена не сака да изгледа вака на плажа: Нападнете го целулитот со оваа хит метода

 

Нерамнините на кожата кои ги нарекуваме целулит не се пријатни за ниедна жена и најчесто не ни се допаѓа одразот во огледалото кога ќе ги погледнеме деловите зафатени со “кората од портокал”. За да се ослободите од овој непријател или да ја спречите неговата појава, освен урамнотежена исхрана, внесуваањето на многу течности и физички вежби, кожата има потреба и од масажа. Кога не можеме да си дозволиме анти-целулитни процедури во некои од салоните за убавина, би можеле да вложиме малку напор во домашни услови.

Суво четкање

Помага во стимулација и циркулација на крвта а ги отвара и порите. Оваа постапка треба да се прави често, односно секој ден.

Кожата треба да биде сува, така да би било идеално оваа постапка да ја применувате пред туширање, но избегнувајте кружни движења со четката.Четката исто така треба да биде сува.

Единственото нешто што треба да направите е да ги користиме природните производи од вашата кујна и да имате трпение. Кожата треба темелно и редовно да се масира за да биде еластична и за да се стимулира циркулацијата.

Масажа масло од етерични масла

15 капки масло од јојоба

15 капки масло од рузмарин

15 капки масло од лимон и грејпфрут

15 капки масло од лаванда

Во чинија или друг судв о кој ќе ви биде удобно измешајте ги добро сите етерични масла. Нанесете на кожата и масирајте нежно.

Редовните масажи со овој микс од корисни масла ќе ја одржуват кожата влажна, благодарение на маслото од јојоба, вашето тело ќе ги задржува помалку течности благодарение на рузмаринот, а маслото од лаванда ќе ви помогне да го стимулирате крвотокот.

Пилинг масажа

Измешајте половина чаша кафе со три лажици маслиново масло. Мешајте додека да добиете хомогена смеса. Нанесете на кожата и масирајте, а потоа истуширајте се со топла вода. Ако талогот од  кафето е премногу редок, може да додадете малку морска сол во мешавината.

 

 

 

17.05.2018 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега