Нов циклон доаѓа кон Македонија - нагли пресврти до крајот на неделата

 

Нагло, големо и многу кратко затоплување на времето ќе имаме за време на викендот и тоа особено во недела кога максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, пишува Метеомакс.

Меѓутоа веќе во недела навечер и ноќта кон понеделник следува враќање на циклонот Флоријан кој во текот на следната недела ќе услови доста нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Да напоменеме дека во зоната на големата нестабилност за кратко време локално можно е да наврне позначително количество на воден талог со што може да услови и локални поројни поплави.

Од понеделник повторно температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значително опаѓање (и тоа некаде за 7 до 8 степени).

 

 

 

18.07.2018 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега