Нови детали за пожарот попладнево во Скопје: Позната причината поради која изгореа 4 возила

Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени.  Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари.

Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот е зафатено и едно дрво.

Првичните информациите укажуваат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација.

 

 

 

11.07.2018 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега