Ограбена Цементарница Усје

 

Во текот на вчерашниот ден, од Цементарница Усје АД, пријавено е дека во периодот од 01.01.2018 до 08.03.2018 година во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство.

Тешката кражба била извршена од страна на непознат сторител, во магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката при што сторителот одзел 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 850.000 денари, стои во полициското соопштение.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

13.03.2018 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа