Охриѓанка со години работела како адвокатка без правосуден испит и лиценца

Повеќе од две години Емилија Стојаноска од Охрид во охридскиот суд застапувала странки без положен правосуден испит и без лиценца за работа, дознава „Макфакс“.

Таа со години успеала да се провлече покрај судиите и службите во судот, а никој од нив не проверил дали охриѓанката има лиценца за работа како адвокат.  Се посомневала судијката Весна Кичеец кога охриѓанката се појавила на судење како полномошник на странка. Извори на „Макфакс“ тврдат дека Кичеец побарала од Стојаноска да приложи решение за упис во Адвокатска комора, но таа не го доставила.

- „Не сум јас единствената што се сомневаше во ова лице. Јас практикувам секој адвокат да го проверам во судскиот роковник. Но, тој не се ажурира редовно. Дадов можност лицето во меѓувреме да се стекнало со решение за успис. Кога увидов дека ја нема во списокот, ѝ побарав да ми приложи писмено решение, кое таа не го достави. Се обратив и во Адвокатската комора, од каде што ми кажаа дека не постои адвокат со тоа име и презиме“, вели судијката Кичеец за „Макфакс“.

Дали лажната адвокатка Стојаноска ќе ги врати парите што ги зела од судот и од  странките, ќе се знае по истрагата на ОЈО.

 

 

 

10.08.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега