Отфрлено барањето за повторно гласање за Ќосето - Албанците побараа бадентер

 

На денешната седница на советот на општина Сопиште беше отфрлено барањето на советникот на Алијансата за Албанците за повторно гласање за поставување на тргнатиот споменик на Ќосето во оваа општина, пренесе Алсат.

Незадоволни од одлуката, советниците Албанци ја напуштија седницата: - „Гласањето да биде според Бадентер. Тука живеат Албанци, Турци и Македонци. Поставувањето на споменикот на Ќосето во оваа општина може да предизвика тензии. Ние сме против и ќе бараме и други методи Ќосето да не биде донесен тука“, изјави Орхан Гафури, советник на Алијансата за Албанците и рече дека бараат гласање по бадентер.

Претседателот на советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски негираше дека имало нерегуларности при гласањето. 

Ќосето неодамна беше тргнато преку ноќ од пред Судот, а советниците на СДСМ изјавија дека ако се стави во Сопиште само ќе предизвика нови поделби.

 

 

 

 

14.03.2018 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа