Паника во трговски центар во Белград - посетителите растерани, објектот затворен

 

Шопинг центарот „Змај на автопатот кон Загреб, бил евакуиран околу 17 часот денеска, затоа што бил почувствуван силен мирис на чад.

За среќа не дошло до пламен, а за тоа се погрижиле голем број пожарникари кои пристигнале на лице место со 6-7 возила.

-Забранет влез во објектот имаше околу 45 минути, но сега сѐ е нормализирано - велат пожарникарите за српските медиуми.

Сѐ уште не е позната причината за настанување на пожарот, но се претпоставува дека е поради проблем со инсталациите.

 

 

 

12.01.2018 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа