Пешак со крварење на мозокот итно донесен на скопските Клиники

 

Во 06 часот и 45 минути во Битола на улицата „Прилепска“ се случила страшна сообраќајна незгода во која има тешко повреден.

Полицијата денеска информира дека 63-годишниот М.В. од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот  З.П. (65) од Битола.

Во Клиничката болница-Битола на З.П. му е констатирана тешка телесна повреда и тоа внатрешно крварење на мозок, по што е итно препратен во Клинички центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

13.01.2018 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа