Потешкотии при одвивање на железничкиот сообраќај кон Велес

 

 

Македонски железници  Транспорт денеска соопшти дека патничкиот железнички сообраќај кон Велес поради одронот на пругата се одвива комбинирано односно со автобус и воз.

- Се известуваат патниците дека железничкиот патнички сообраќај се одвива по редовниот возен ред на релација Скопје-Гевгелија-Скопје. За возовите бр. 611 и бр. 634 сообраќајот ќе се одвива по редовен возен ред, патниците ќе бидат превезени со автобус од Градско-Велес, Велес-Градско, а потоа ќе се префрлат во воз. Сообраќањето на меѓународните возови бр. 334 и бр. 335 ќе се одвива по редовниот возен ред, патниците ќе бидат превезени со автобус Скопје-Градско-Скопје, а потоа ќе се префрлат во воз, се вели во соопштението од МЖ Транспорт.

Поради поголем одрон на пругата меѓу станиците Велес и Згрополци од вчера железничкиот сообраќај на оваа реалција е во прекин.

 

 

 

14.03.2018 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа