Презентерката на вести се обрати до нацијата: „Денеска не сум водителка, денеска имам нешто важно да ви кажам“

 

Водителката на Дневник, Ивона Пантелиќ изјави вчера на конференцијата по повод „Ракот е излечив“ дека победила рак на дојката.

„Сите ме знаете како водителка. Денеска сум овде во својство на пациентка“, рекла Ивона.

Истакнала дека дијагнозата не го одредува текот на болеста, како и дека најважно е да се открие на време.

„Имав среќа и благодарна сум што моите колеги од РТС беа упорни да одам, да ја искористамн можноста и да направам превентивен преглед, бидејќи поради националната кампања против ракот, која ја води РТС, мибилен мамограф беше во март овде, пред нашата зграда“, рекла водителката.

Ивона после мамографијатѕа отишла на контролен ултразвук, потоа на операција и хемотерапија.

„Со хемотерапија може да се живее. Важно е здравите луѓе да го променат ставот за оние кои се лекуваат од рак. Да не се плашат, да не ги гледаат со сожалување, да не ги маргинализираат од друштвото. Така насмевката и поддршката ќе им ја олеснат борбата“, рекла презентерката.

 

 

 

 

18.10.2018 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега