Протест пред амбулантата на Кахремани во Тетово

 

Мирен протест се одржа денеска пред ординацијата на Неџбедин Кахремани.

Имено, поддржувачите на Билал Касами, познат како „тетовски погон“, со транспаренти во рацете, нарекувајќи го Кахремани предавник на движењето протестираа пред неговата ординација. Кахремани неодамна, од „скопскиот погон“ беше назначен за претседател на БЕСА, до Конгресот предвиден за 24 февруари.

„Го повикуваме господинот Неџбедин Кахремани да ги почитува органите на партијата и да се позиционира на страната на претседателот Билал Касами, во спротивно нека поднесе оставка од функцијата пратеник на Движењето БЕСА“. – изјави еден од демонстрантите

Демонстрантите велат дека изјавата на Кахремани од пред неколку дена дека добивал закани од разни личности, ја нарекоа клевета.

„Ова се шпекулации, вие сте сведоци дека и денешната активност е мирна и демократска. Сите закани сигурно ги пријавил и органите на редот ќе преземат мерки, но како што гледате ова е се основа на шпекулирања на медиумите кои се контролираат од луѓето кои ги прават овие работи“. – изјави Абдуш Демири, портпарол на Движењето БЕСА

Ова е втор пат како пратеникот Кахремани посочува за закани кон него и неговото семејство за да се повлече од пратеничката функција. Вчера кога по прв пат тој објави дека добил закана по животот, изјави дека случајот го пријавил во полиција.

 

 

 

12.01.2018 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа