Раде Шербеџија ги расплака сите - вака се збогува од саканата Милена Дравиќ

 

Актерот Раде Шербеџија откри дека силно го погодила веста за смртта на Милена Дравиќ. Актерската легенда на југословенските простори почина завчера на 79-годишна возраст.

-Изгубивме боженствена и чесна глумица, а пред се еден голем и искрен пријател. Веста навистина ме погоди, ќе ми недостасува - рекол Шербеџија.

Актерот за својата, како што сам вели, целоживотна пријателка, напишал и поглавје во нејзината монографија.

-Милена беше филмска активистка, секогаш на својата задача. Подготвена, одлучна, храбра. Секогаш на страната на слабите и несреќните. Секогаш против неправдата и секогаш против глупостите. И против власта како таква. Како вистинска хероина знаеше секогаш да застане на страната на својот народ и својата публика - утврдил Раде кој се присетил на филмската дива.

Милена, вели, сакаше да го прегрне целиот свет, бидејќи само така се чувствуваше среќна.

-Добрината на нашата Милена доаѓаше од нејзиниот разигран живот. Секогаш беше подготвена да си игра, да сонува и да фантазира. Со своите топли дланки го прегрнуваше секој нов ден и секој нов филм - истакнал актерот.

 

 

 

 

15.10.2018 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега