Радовиш: Го фатиле додека им крадел дома, па ја турнал сопственичката и и нанел повреди

 

Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против 27-годишниот П.С. од Струга и 29-годишниот С.М.од Радовиш, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба во обид“, а П.С. сторил и три кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „разбојничка кражба“. 

На 31.03.2018 година, пријавените  се обиделе да извршат тешка кражба во билетара лоцирана на улица „Александар Македонски“ во Радовиш. Првопријавениот, едно од делата го сторил во текот на март/април годинава кога извршил тешка кражба во куќа во Радовиш  при што се стекнал со противправна имотна корист од околу  49.000 денари. На 17 мај годинава, првопријавениот во Радовиш се обидел да изврши тешка кражба во куќа и истиот ден извршил и разбојничка кражба во куќа каде бил затекнат од сопствениците на куќата, по што пријавениот ја турнал сопственичката која паднала и се здобила со телесни повреди.

 

 

 

23.05.2018 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа