Разрешениот директор на струшкиот затвор кој е под истрага, стана директор на Паркови и зеленило

 

Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Оваа одлука поминала на Советот на општина Струга.

Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и дрога.

-По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата, изјави Шаќири за Телевизијата 24.

Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.

 

 

 

11.07.2018 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа