Рикна комплексот „Македонско Село“ на Водно - утре клуч на врата

 

Комплексот Македонско Село на Средно Водно става клуч на врата. Одлуката менаџментот денеска ја објави на својата фан страна на социјалните мрежи. Од таму информираат дека денеска е последниот работен ден и дека од утре затвораат.

Почитувани,

Ве информираме дека менаџментот на Комплексот Македонско Село донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).

Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години.“ – се вели во соопштението.
Причините за оваа одлука не се соопштуваат.

 

 

 

 

17.10.2018 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега