Се бара решение за избрканиот медицински кадар од Клиниката за уво, нос и грло

 

Министерството за финансии не кажува дали од здравство добиле барања за издавање согласност за ангажирање на лицата со договор на дело кои беа избркани од Клиниката за уво нос и грло. Дали барањата уште патуваат или веќе се примени од финансии не се произнесоа. За Сител го испратија следниот одговор.

-Како што ве известија и од министерството за здравство, во констатна комуникација се со министерството и се бара соодветно решение на случајот согласно законите, стои во одговорот од министерството за финансии.  

Од здравство вчера тврдеа дека за 12-те медицински сестри и друг персонал од Клиниката за уво, нос и грло веќе доставиле барања до финансии за издавање согласност за да може здравствената установа да склучи договор со овие лица бидејки имале потреба од нив.

Меѓу избрканиот кадар од Клиниката за уво нос и грло има и трудница која е во 8-от месец од бременоста. Сите од менаџментот добиле образложение дека договорите им биле незаконски и немало да им биде исплатена ниту платата за февруари. Но, во шестмесечните договори имаат печат и потпис од претходната директорка.

-Ни рекоа дека нема да добиеме плата за февруари, изјави Гордана Јаневска Мишокова, медицинска сестра.

Избрканиот персонал од ОРЛ најави дека правдата ќе ја бараат на суд. И денеска се појавиле на работните места на Клиниката, но им било кажано да не доаѓаат се додека не им бидат готови новите договори.

 

 

 

14.03.2018 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа