Се огласи уште една Плејбој зајачица: Обелоденета нова афера на Трамп (видео)

 

Поранешната Плејбој зајачица и манекенка Барбара Мур, открила дека американскиот претседател Доналд Трамп со неа ја изневерувал својата тогашна свршеничка Марла Мејплс, која подоцна станала негова втора сопруга, во афера долга шест месеци. 

Барбара раскажала дека со Трамп се запознала на една од неговите забава и дека истата вечер спиела со него, а се потсетила дека имале секс пред нејзина пријателка.

"Сакаше да го запознае мажот со кој се гледам. Му се јавив на Доналд, кој не покани во својот дом, а ние прифативме. Иако беше уморен од патувањето, се напи со нас неколку чаши шампањ и почна да ме бакнува. Работите почнаа да излегуваат од контрола, а пријателката се тргна од нас, но само на столчето во аголот, од каде не гледаше додека имавме водевме љубов", рекла Мур за "Daily Mail".

"Бев млада и мислев дека тој е мојот маж. Секогаш ми се јавуваше на телефон и никогаш не беше зафатен кога ми беше потребен", рекла Барбара која преку весниците дознала дека Трамп се жени.

Сепак, за разлика од станатите љубовници на американскиот претседател, Мур и натаму го поддржува и го брани.

"Во тоа време не знаев дека има друга, а уште помалку дека е верна со Марл Мепс, а дури неодамна дознав дека била бремена во тоа време. Ме зачуди, но не ми е гајле Доналд, беше фантастичен љубовник и мислам дека е фантастичен претседател,

"И јас и мојата ќерка гласавме за него. Мило ми е што стана претседател и се чувствувам безбедно додека тој ги држи работите под контрола", вели поранешната манекенка.

 

 

 

17.04.2018 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа