Се сте правеле погрешно - вака се перат алишта, а ќе бидат почисти и побрзо ќе се исушат

Шенон Лаш од Австралија е експерт во домашните работи и сите домаќинки едвај ги чекаат нејзините совети.

Во разговор за Њузкорп рекла дека кај жените е многу популарно верувањето дека што повеќе детергент значи почиста облека.

Но, тоа воопшто не е точно.

Додала дека луѓето често поради „премногу испраните алишта“ добиваат иритација и осип на кожата. Причината е едноставна. Премногу сапун се лепи на ткаенината и при сушењето се згрева.

lush2

Затоа, пешкирите откако ќе ги извадите од машината за сушење алишта изгледаат помеки и поубави, но веќе утредента го добиваат својот класичен, груб облик.

Затоа, Лаш советува да додавате само осмина детергент од она што наведено дека треба да се стави во машината.

Таа вели дека доколку ставите сув пешкир во машиата за сушење, така три пати побрзо ќе ги исушите алиштата.

 

 

 

25.09.2018 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега