Се тресе цела планета: Силни земјотреси утринава

 

Два земјотреса, првиот со интензитет од 6,5 и вториот посилен, со интензитет од 6,8 степени по Рихтер, беа регистрирани денеска во Тихи Океан, источно од Нова Каледонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на првиот бил на 190 километри источно од островот Лојалти, на длабочина од 33 километри, а вториот – на 160 километри со длабочина од 10 километри.

Не се издадени предупредувања за опасност од цунами од Тихоокеанскиот центар за цунами во Хаваи. Нема податоци за жртви и за материјална штета.

 

 

 

16.10.2018 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега