Села: Ме изнесоа од Собрание маскиран во полицаец

 

Зијадин Села денеска во Судот сведочеше за нападот во Собранието. 

– Се освестив во соба 334 во Собранието. Собата беше темна, а јас бев под бирото. Абдул Фета, вработен во собрание беше со мене и ми се претстави, а со него беше и друго лице. Фета ми кажа дека телефонот постојано ми звони и го земав и се јавив на сопругата и и кажав дека сум жив. Тогаш влегоа полицајци во цивилка. Ми облекоа дуксер и ми дадоа полициска значка, буквално ме маскираа. Ме изнесуваа викајќи повреден полицаец, повреден полицаец, рече Села, пренесе Фокус.

 

 

 

19.02.2018 - 12:11
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа