Села за повикот на Заев за помирување: Тој не е над институциите, над правдата

 

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села реагираше по повикот на премиерот Зоран Заев за помирување даден во Собранието на денешната расправа за уставните амандмани.

– Не знам, можеби премиерот имал некој приватен или фамилијарен проблем на 27 април, па сега ја пружа раката за помирување. Доколку мисли на настаните од 27 април во Собрание, тој не е над институциите, над правдата. Избран е за премиер на државата, а не за крал – напиша Села.

 

 

 

15.10.2018 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега