Шилегов нема да подарува сувенири од „Скопје 2014"

 

Изминатите години во тендерите за набавка на репрезентативен материјал на Градот се барале сувенири од споменикот Воин на коњ, фонтаната, двокатните автобуси, Музејот на ВМРО, Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј, се купувале алки и синџирчиња, а и медаљони, пренесе САКАМДАКАЖАМ. Сега истите ќе се заменат со сувенири и магнети со мотив Камени мост, Стара скопска чаршија и Кале

- „Спомениците и објектите од проектот Скопје 2014 ќе ги замениме со вистинските вредности на Скопје. Објектите како што се Камениот мост, Старата скопска чаршија и Калето се симболите на градот кои треба да се најдат на промотивниот и репрезентативниот материјал кој се подарува на гости или делегации“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов за порталот.

 

 

 

13.03.2018 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа