Сини картони ќе добиваме уште само 2 месеци

 

Доколку до јули не поднесете барање за издавање на електронска здравствена картичка, веќе нема да добивате сини картони. Министерството за здравство најавува дека за 2 месеци целосно ќе почне имплементацијата на системот со електронски картички, па доколку немате таква, потврдата дека имате здравствено осигурување ќе треба да си ја подигнете сами во Фондот, бидејќи картоничњата веќе нема да ви пристигаат на работните места.
Вработените треба да се пријават преку своите фирмир, а останатите да отидат во шалтерите во подрачните служби на фондот.
Досега, изработени се околу 610.000 картички од кои половината веќе им се поделени на осигурениците.
Цената на картичките во зависност од статусот на осигурениците е до 250 денари.