Следува заладување: Денес дожд, а утре промена - што не очекува наредниве денови

 

Времето денеска беше претежно облачно со слаби проврнувања на дожд и снег на планините. Дуваше слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата се движеше од два до девет степени.

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места.

Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.

 

 

 

13.01.2018 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа