Смената на Рашковски од Телеком е направена од технички апсект

 

Смената на  Драги Рашковски од функцијата член на Акционерското собрание на Македонски Телеком е направена од технички аспект, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

- Имајќи го во предвид обемот на активности Владата смета  дека советникот за правда на премиерот соодветно ќе одговори на оваа позиција. Се работи само за замена од технички аспект, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање во денешниот редовен брифинг во Владата. 

Владата вчера донесе одлука како владин претставник во Акционерското собрание на Македонски Телеком да биде Тања Чачарова-Илиевска.

 

 

 

10.01.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа