Со песни, оро и греана ракија - Македонците во Албанија ја одбележаа Василица

 

Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики.

– Меѓу Македонците во Албанија, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе, пренесува електронското издание на „Илинден“ единствениот весник на македонски јазик во Албанија.

Весникот наведува дека Македонците сега се подготвуваат за големиот празник Водици.

 

 

 

14.01.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа