Со пластични шишиња нападната владината делегација во Крушево

 

Владината делегација на Мечкин камен во Крушево била нападната со пластични шишиња и чаши од навивачките групи кои присуствуваа на вчерашната прослава по повод Денот на Републиката.

По завршување на манифестацијата насилната група тргнала кон претставниците на Владата, но била спречена да им се доближи од полициското обезбедување, велат очевидци.

 

Сепак фрлале кон нив предмети што ги имале во рацете при тоа извикувајќи пцовки  и навреди како изроди, предавници.

На Мечкин Камен присуствуваше владина делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.

 

 

 

03.08.2018 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега