Спас за летото: Направете домашна евтина смеса за депилација, влакната ќе растат 3 пати поспоро

Почна сезоната на топлото време, како и на одмори, па ако сакате да се спасите од здодевните влакна, без да давате пари за ленти и депилација, ова е решението за вас, а чини малку пари.

Земете 6 лажици шеќер, едно кесе лимонтус и 2 лажици вода.

Ставете ги во сад, па оставете ги да вријат со постојано мешање.

Тргнете ја смесата на страна, па оставете малку да се олади. Треба да е топла, но внимавајте да не се изгорите.

Убаво измијте ги нозете или рацете, во зависност од тоа што депилирате, па ставете од смесата и ставете чиста крпа или пак ако имате ленти на неа.

Искорнете спротивно од правецот на раст на влакната.

Ќе растат три пати поспоро.

За поголема количина само дуплирајте ја смесата, на пример 12 лажици шеќер со 2 лимонтуса и 4 вода.

 

 

 

 

 

16.05.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа